Убиени 67 новинари во 2015

Од Репортери без граници соопштија дека годинава најмалку 67 новинари го загубиле животот додека ја извршувале својата работа. Организацијата наведува дека поголемиот дел од новинарите биле цел на убиствата поради нивната работа во наводно мирни земји.

Според Репортери без граници, смртта на уште 47 новинари останува нејасна со што се зголемува веројатноста дека е поголема бројката на оние кои загинале на должност. Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк документирал 69 убиства на новинари од кои 29 биле извршени од милитантната група Исламска држава.