Гласање за доверба на владата на Црна Гора

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ побара гласање за доверба на неговата влада по неколку неделните протести против зачленувањето на таа земја во НАТО. „Се постави прашањето дали оваа влада има поддршка во парламентот“, изјави тој во Подгорица, оценувајќи дека приклучувањето кон Алијансата претставува најдобар интерес на Црна Гора. Во изминативе месеци опозицијата побара оставка од Ѓукановиќ. Доколку премиерот не обезбеди доволно пратеници во парламентот на гласањето предвидено во почетокот на идната година, тој треба да свика нови избори, но останува на функцијата додека не се избере нов премиер. Црна Гора доби покана од НАТО на 2 овој месец.