Собранието ќе гласа за законот за исклучените од парно

Пратениците во Собранието на Македонија денеска треба да гласаат за Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика во прво читање поднесен од пратеничките групи на СДСМ, НСДП и ЛДП, со кој се бара исклучените од системот за греење во Скопје да се ослободат од наметната обврска да плаќаат фиксен надомест за ангажирана моќност. Според предлагачите, станува збор за обид да се исправи неправдата на граѓани кои со нелогичен правилник на Регулаторната комисија за енергетика се натерани да плаќаат за услуга што не ја користат. Станува збор за над 12 илјади граѓани кои затоа што индиректно користеле топлинска енергија се принудени да плаќаат за тоа.