Евакуираните од Сирија пристигнаа во Турција и Либан

Конвојот со борците од сирискиот град Забадани.

Активисти и хуманитарни работници соопштија дека автобуси и амбулантни возила кои пренесуваат стотина борци и цивили кои се евакуирани од Сирија ја преминале границата и сега се наоѓаат во Турција и Либан согласно договорот со посредство на ОН. Според нив, повеќе од 125 бунтовници се евакуирани од градот Забадани во западна Сирија, кој е под опсада на владините сили.

Сунитските бунтовници пристигнаа во Бејрут од каде ќе бидат префрлени во Турција за подоцна да бидат однесени во бунтовничките региони во Сирија. Истовремено околу 300 семејства од покраината Идлиб се упатија во Турција од каде ќе бидат пренесени во Бејрут.