Србија ќе има пријателски односи и со Русија и со Турција

Српскиот премиер Александар Вучиќ со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија е суверена држава која има пријателски односи и со Русија и со Турција. Тој по средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу во Белград истакна и дека Србија ќе продолжи со таквата политика. Тој додаде дека неговата земја е среќна, горда и не се срами што Русија и Турција и се пријатели. Давутоглу потенцира дека судирот меѓу Турција и Русија не може да влијае врз добрите односи со Србија.