ВМРО ДПМНЕ бара анкетна комисија за аферата со личните карти

Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски

Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави денеска дека неговата партија и владејачката коалиција поведуваат иницијатива за формирање нова Анкетна комисија во Собранието која ќе го расчистува скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.

Според него, врз база на информацијата дека значајни политички и одговорни лица на функција во Македонија биле во контакт, корелација, а можеби и во соработка со обвинетите за аферата, Собранието има суштинска надлежност да го истражи целиот случај и да изготви документација по која понатаму ќе се постапува. Собранието, како што истакна тој, има обврска да обезбеди услови за чисти избори на 24-ти април наредната година и еден од предусловите, според Димовски е расчистување на аферата.