Груевски-СДСМ сака одлагање на изборите

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека е очигледно оти лидерот на опозицијата Зоран Заев сака да ја одбегне обврската за предавање на материјалите на специјалниот обвинител и оти сака одложување на изборите. Според него, СДСМ годината ја завршува во страв и паника дека им претстои тежок пораз на изборите и казна од граѓаните за она што го направиле.

Од секој можен агол, како што наведува тој, СДСМ се обидуваат да најдат начин како да предизвикаат кавга и како да предизвикаат растурање на Договорот од Пржино. Груевски истакна дека нивните обврски од договорот ги исполниле иако имале мали задоцнувања, а СДСМ имал една важна клучна обврска, која се уште не ја исполнил.