Кина донесе контроверзен анти - терористички закон

Кинескиот Парламент усвои нов анти - терористички закон кој бара технолошките фирми да и предаваат чувствителни информации на Владата и кој и овозможува на кинеската војска да вложува во контра - терористички операции во странство. Новиот закој кој беше донесен денеска исто така го ограничува правото на медиумите да извесртуваат за детали од терористички напади. Им забранува на медиумите да известуваат за детали од терористички активности кои можат да доведат до „имитација“ и дo прикажување на „сурови и нехумани“ сцени. Законот стапува на сила на 1 јануари, а беше критикуван од Западот додека беше изготвуван, главно за неговите сајбер одредби.