Star Wars руши рекорди

Новиот филм Star Wars ги руши сите рекорди и се предвидува дека ќе има најголема заработка во филмската индустрија. Филмот веќе постави рекорд за Божиќ со приходи од 49.3 милиони долари од продажба на билети во Северна Америка. Тоа е двојно повеќе од претходниот божиќен рекорд од 2009 година за филмот Шерлок Холмс. Star Wars "The Force Awakens" втор викенд се прикажува во кината во Северна Америка и се очекува за 10 дена од продажба на билети да заработи оклу 530 милиони долари.