Ирачките сили се движат кон владиниот комплекс во Рамади

Ирачките безбедносни сили се движат на само неколку стотици метри од владиниот комплекс во Рамади, обидувајќи се да забележат убедлива победа и повторно да го заземат градот кој е уништен од страна на групата на Исламската држава. Ирачките претставници денеска соопштија дека 26 снајпери, импровизирани бомби покрај патиштата и самоубиствени напаѓачи ги забавиле безбедносните сили во искоренувањето на преостанатите милитанти, кои во мај го заемаа градот. Армискиот портпарол соопшти дека армиските трупи и елитната контратерористичка единица се наоѓаат на само 800 метри од комплексот, помогнати од воздушните напади на коалицијата предводена од САД. Се верува оти околу 400 борци се останати во градот. Доколку владините сили го преземат градот, тоа ќе втор голем град кој е освоен по Тикрит. Тоа ќе и ја даде на ирачката влада многу потребната динамика да ја отстранат групата на Исламската држава надвор од својата територија, вклучително и од вториот најголем град во земјата, Мосул.