11 - те уапсени екстремисти планирале напад во Сараево

Босанскиот анти - терористички обвинител соопшти дека со апсењето на 11 осомничени исламски екстремисти од минатата недела, бил спречен напад во кој би можеле да бидат убиени околу 100 луѓе во Сараево. Босанскат државна телевизија денеска го цитираше Дубравко Кампара како му вели на истражниот судија дека групата планирала „терористички акт за време н прославите на крајот на годината.“ Телевизијата го цитира Кампара како вели дека „дека тие се заканувале да извршат напад со експлозиви во кои би биоле убиени околу 100 луѓе.“ осомничените беа уапсени на 22 декември во рации спроведени во неколку делови на главниот град.