Од земјотресот во Авганистан загина војник во Пакистан

Во земјотресот со епицентар во Авганистан, загина едно лице во соседниот Пакистан. Политичката администрација на пакистанскиот племенски регион Мохманд, за радио Машаал денеска изјави дека загинал пакистански војник, откако се срушил покрив на соба во близина на границата на двете земји. Во земјотресот исто така се повредени десетици луѓе во Авганистан и во Пакистан. Портпаролот на спасувачката операција на пакистанската провинција Кибер Паштунхва, Билал Ахмед соопшти дека попвеќе од 60 луѓе се повредени во земјотресот. Најмалку 12 луѓе се повредени и хоспитализирани во северноисточната авганистанска провинција Нангахар, соопшти портпаролот на гувернерот на провинцијата. Голем борој на студенти во главниот град на провинцијата, Џалалабад се повредени во стампедо кое се случило додека се обидувале да избегаат од универзитетската зграда за време на земјотресот. Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Бадакшан, во близина на границата со Таџикистан. Американскиот институт за геологија соопшти дека земјотресот од 6.2 степени настанал на длабочина од 203 километри.