12 повредени во земјотрес во Авганистан

Најмалку 12 луѓе се повредени и хоспитализирани во северноисточната провинција Нангахар, откако земјотрес го потресе Авганистан. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангахар, денеска соопшти дека голем број на студенти во главниот град на провинцијата, Џалалабад се повредени во стампедо кое се случило додека се обидувале да избегаат од универзитетската зграда за време на земјотресот. Епицентарот на земјотресот на 25 декември бил во провинцијата Бадакшан, во близина на границата со Таџикистан. Американскиот институт за геологија соопшти дека земјотресот од 6.2 степени настанал на длабочина од 203 километри. Земјотресот бил почувствуван дури и во Њу Делхи. Во Кабул, жителите излегуваат од нивните домови стравувајќи од нови потреси.