Јанева прифати куќен притвор за Верушевски, ВМРО ДПМНЕ реагира

Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот „Пуч“ го прифатило предлогот на одбраната на првообвинетиот, поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски мерката притвор да му биде заменета со гаранција. Од обвинителството предложиле определување на мерки на претпазливост, односно на Верушевски да му биде одземен пасошот и да не смее да гонапушти енговото живеалиште.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека партијата повеќе не верува во независноста на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и изразија сериозна резерва кон секој чекор кој таа ќе го преземе во иднина, како во поглед на нејзината непристрасност, така и во поглед на законитоста на нејзините дејствувања.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека одлуката на Јанева да не побара продолжување на притворот на Верушевски „е скандалозна, неправична и многу опасна“ и со неа таа нанела „непроценлива штета на правниот поредок во Македонија и на правната пракса“. Тој нагласува дека она што лидерот на СДСМ, Зоран Заев и го наредил Јанева го исполнила.

Кривичниот суд во Скопје треба да донесе одлука дали ќе го укине притворот за Верушевски, кој завршува утре.