Нападнати позиции на ИД во Ирак и Сирија

Меѓународната коалиција предводена од САД спровела 31 воздушен напад против милитантната група Исламска држава во Ирак и Сирија. Во Сирија биле нападнати позиции во пет градови при што биле оштетени неколку возила и биле повредени тројца милитанти. Во Ирак биле спроведени 19 напади во девет градови, меѓу кои и Мосул и Рамади, при што биле погодени 16 борбени позиции, неколку тунели, возила и бункери.