Загинаа 43 лица во сообраќајна несреќа во Авганистан

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека најмалку 43 луѓе загинале во судирот на патнички автобус и камион во северен Авганистан. Според министерството, меѓу загинатите има и жени и деца. Автобусот кој превезувал повеќе од 50 патници патувал до главниот град Кабул, а несреќата се случила на главниот автопат во покраината Саманган. Во несреќата биле повредени и 17 лица.