Индискиот премиер во посета на Пакистан

Индискиот премиер Наренда Моди

Индискиот премиер Наренда Моди е во посета на Пакистан за прв пат откако беше избран на функцијата во минатата година. Тој најави дека ќе оствари средба со пакистанскиот премиер Наваз Шариф во Лахоре пред да замине за Њу Делхи. Моди е првиот индиски премиер по 2004 година кој го посетил Пакистан. Индија и Пакистан неодамна се согласија да ги обноват мировните преговори по децении тензични односи околу граничните спорови и обвинувањата за тероризам.