СЈО очекува соработка од сите субјекти

Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Од Специјалното јавно обвинителство соопштија денеска дека очекуваат да им бидат предадени материјалите што ги побарале и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со институцијата. Според обвинителството, мерките кои ќе бидат преземени од нивна страна, ќе бидат соопштени во средината на јануари. Во изминатиот период, како што наведуваат, особен интерес бил изразен за постапувањето по однос на бараните материјали од СДСМ.

И покрај отежнатата соработка, како што наведуваат во СЈО во тек се повеќе предистражни постапки по предметите за кои е воспоставена стварна надлежност и постои извесен напредок во истите, но, како што додаваат, во овој момент не се во можност да соопштат детали во интерес на истрагата.