Стотина загинати во пожар во Нигерија

Во пожар што бил предизвикан од камион танкер во Нигерија, загинале над 100 луѓе кои чекале на ред да се снабдат со гас. До ова дојде во местото Неви, каде што живеат христијани на југоистокот на земјата. „Дојде до експлозија и повеќето од жртвите беа луѓето кои цел ден чекаа на ред да дојде камионот со гас“, изјави еден сведок за агенцијата Асошиетед прес.