Палестинското девојче кое се расплака пред Меркел доби азил

Реем Шавил и германската канцеларка Ангела Меркел.

Девојката од Палестина која заплака откако германската канцеларка Ангела Меркел и кажа дека можеби ќе биде депортирана добила дозвола за престој, јавија германските медиуми. 14 годишната Реем Шавил која се појави во медиумите откако се конфронтираше со Меркел за можната депортација на неа и нејзиното семејство во Либан ќе може да остане во Германија до октомври 2017 година.

Билд јави дека и нејзините родители и брат исто така добиле дозвола за престој. Меркел се соочи со критики откако и кажа на Шавил дека политиката е понекогаш тешка и дека Германија не може да им даде азил на сите што сакаат да живеат таму.