Семејствата на милитантите од ИД го напуштаат Дамаск

Шефот на сириската организација за човекови права, Рами Абдулрахам изјави денеска дека голем број на семејства на милитантите на Исламската држава и повредени борци се очекува да ги напуштат бунтовничките региони во јужен Дамаск под покровителство на договорот на ОН.

Според него, безбеден премин ќе им се обезбеди во пакистанскиот бегалски камп Јармоук на периферијата на Дамаск и соседен Хаџар ал Асавад. Семејствата на некои од борците се очекува да бидат однесени во некое од засолништата на милитантната група во северна Сирија.