Уапсен уште еден осомничен за нападите во Париз

Белгиската полиција соопшти дека уапсила уште еден осомничен за поврзаност со терористичките напади во Париз на 13 ноември при кои загинаа 130 луѓе. Обвинителството соопшти дека осомничениот неколку пати контактирал со Хасан Аитбоулачен, братучедот на еден од организаторите на нападите Абделхамид Абауд. Осомничениот Абдоулах Ц. Е 30 годишен државјанин на Белгија и е обвинет за терористички убиства и учество во активности на терористичка организација.