Убиени 183 курдски бунтовници во Турција

Курдски бутовници

Генералштабот на турската армија соопшти дека 183 бунтовници од Курдската работничка партија се убиени во операциите на безбедносните сили. Турските безбедносни сили повеќе од една недела спроведуваат голема операција против активистите на младинското крило на ПКК во неколку градови во југоисточниот дел на земјата, вклучително Џизре, Силопи, Сур и Нусајбин.