Путин на средба со индискиот премиер

Рускиот претседател Владимир Путин со индискиот премиер Нарендра Моди.

Рускиот претседател Владимир Путин оствари средба со индискиот премиер Нарендра Моди на традиционалниот годишен самит во чиј фокус ќе биде енергетската и одбранбената соработка. Моди при пристигнувањето во Москва имал приватна вечера со Путин. Пред разговорите во Кремљ тој ја нарече Русија сигурен пријател кој секогаш стоел зад нив. Русија и Индија имаат блиски односи од Студената војна и се партнери во групата БРИКС.