САД извршиле два воздушни напади во Авганистан

САД извршиле два воздушни напади на реонот Сангин во авганистанската покраина Хелманд, каде продолжуваат тешките борби меѓу владините сили и талибанците. Контролата врз реонот пред една недела ја преземаа талибанците, кои соопштија дека ги освоиле и седиштето на полицијата и административните згради во центарот на реонот. Авганистанските власти ги негираат тврдењата и соопштија дека повторно воспоставиле контрола врз реонот.