ЕУ: Полска да го почитува владеењето на правото

Европската комисија ја повика Полска да го почитува владеењето на правото и да не го примени законот за реформи на Уставниот суд пред проценката за влијанието на законот врз независноста на тој суд. Законот кој беше усвоен во вторникот го осуди опозицијата оценувајќи дека ја поткопува демократијата. Според тој закон, Уставниот суд ќе мора да донесува одлуки со 13 од 15 судии, наместо досегашните девет и тоа со двотретинско, наместо обично мнозинство. Поради овој закон, но и партизацијата на државната управа, како и плановите јавниот радио-телевизиски сервис да стане институција на културата за ширење на патриотизмот, Полска деновиве беше критикувана и од претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.