СБ на ОН го поддржа мировниот договор за Либија

Советот за безбедност на Обединетите нации го поддржа мировниот договор меѓу завојуваните страни во Либија со кој се предвидува формирање на влада на национално единство во рок од 30 дена. Западните земји се надеваат дека овој договор ќе донесе стабилност и ќе помогне во борбата против милитантите на Исламската држава во Либија. Либија е во хаос од 2011 година откако беше соборен од власт Муамер ел Гадафи.