Недоволна помош од ЕУ за Србија, Хрватска и Словенија

Европската комисија денеска предупреди дека е мал бројот на земји членки на ЕУ кои одговориле на барањата на Србија, Хрватска и Словенија за хуманитарна помош и згрижување на бегалците. Земјите го активираа Механизмот за цивилна заштита, кој обезбедува различни видови помош, како што е испраќање стручни тимови, доставување опрема, обезбедување засолништа и медицинска помош. Според ЕК, голем број средства се уште мора да се обезбедат за трите земји со цел да се реши моменталната ситуација.