Грузискиот премиер поднесе оставка

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили поднесе оставка од функцијата на една година од парламентарните избори. Тој во телевизиско обраќање на нацијата изјави дека иако ја напушта функцијата ќе остане лојален војник на неговата земја. Гарибашвили со таквата одлука истакна дека сака да им биде пример на младите генерации дека владините позиции се привремени. 33 годишниот Гарибашвили стана најмладиот премиер во Европа кога беше именуван на функцијата во ноември 2013 година.