Русија со нова банкнота посветена на Крим

Новата банкнота

Русија издаде нова банкнота посветена на украинскиот полуостров Крим. На новата банкнота од 100 рубљи е прикажан потонат брод кај пристаништето Севастопол, како и замок во близина на Јалта. На банкнотата во жолта боја исто така има и воден печат на императорката Катарина Велика која ги прошири границите на Русија во 18 век. Руската Централна банка соопшти дека ќе издаде 20 милиони банкноти.