Ирачките сили влегле во центарот на Рамади

Рамади

Ирачките сили влегле во центарот на Рамади, град кој од мај годинава беше во рацете на милитантите на Исламската држава. „Влеговме во центарот од повеќе страни и почнавме да ги чистиме станбените квартови. Градот ќе биде ослободен за наредните 72 часа“, изјави портпаролот на ирачките сили. Губењето на контролата врз Рамади беше најголем пораз на ирачката влада откако милитантите ги презедоа северните и западните делови на Ирак, вклучувајќи го и вториот најголем град во земјата Мосул.