САД воведоа финансиски санкции за 34 лица

Соединетите држави воведоа финансиски санкции за 34 лица за кои се верува дека им помогнале на руски и украински компании да ги избегнат казните што ги воведе Вашингтон. Американското министерство за финансии соопшти дека со таа мерка се овозможува одржување на ефикасноста на постојните санкции кои се воведени откако Русија лани го анектира Крим и им дава помош на проруските сепаратисти во источна Украина.