Индија со нов закон за судење на малолетни лица

Транспарент за време на протестите во Индија по случајот со групно силување.

Индискиот парламент денеска усвои закон со кој се намалува возраста на 16 години на лицата на кои може да им се суди за злосторства по критиките во земјата за ослободувањето на еден од обвинетите за групно силување во 2012 година. Ослободувањето на 17 годишното момче предизвика протести во земјата.

Тој и уште пет мажи брутално силуваа 23 годишна студентка во автобус во Њу Делхи. Жртвата потоа почина од повредите. Останатите обвинети беа осудени ан доживотен затвор. Според сегашните закони на земјата лицата кои направиле кривично дело, а се малолетни ќе поминат три години во поправен казнен дом.