Над милион мигранти и бегалци влегле во ЕУ

Бројката на бегалци и мигранти кои преку копно или море пристигнале во ЕУ надмина милион, додека околу 3600 од нив умреле или исчезнале. Во заедничко соопштение на Агенцијата за бегалци на ОН и Меѓународната организација за миграции е наведено дека половина од бегалците потекнуваат од Сирија. Останатите 20 проценти се од Авганистан, а 7 проценти од нив се од Ирак. Најголем дел од бегалците и мигрантите над 800 илјади пристигнале во ЕУ преку Грција.