Преговорите за Сирија во јануари

Конференција за Сирија во Виена во ноември

ОН соопштија дека новите разговори за решавање на конфликтот во Сирија ќе се одржат во наредниот месец. Шефот на ОН во Женева, Мајкл Молер изјави дека преговорите ќе се одржат во швајцарскиот град, но датумот се уште не е прецизиран. На 18 декември Советот за безбедност на ОН едногласно ја даде поддршката за мировниот процес во Сирија меѓу претставниците на власта и опозицијата од земјата.