Српските новинари на протест против министерот за одбрана

Новинарите во Србија одржаа протести на кои бараа премиерот Александар Вучиќ да го одржи ветувањето дека ќе го отпушти министерот за одбрана Братислав Гашиќ. Вучиќ пред две недели најави дека ќе го смени Гашиќ поради неговиот сексистички коментар упатен кон една новинарка, но тој се уште е на функцијата. Протестите кои се одржаа доцна синоќа низ неколку градови во земјата беа под мотото „Новинарите не клечат“.