СДСМ поднесе тужба против претходниот состав на ДИК

СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд на РМ против стариот состав на Државната изборна комисија поради незаконска одлука која се однесува на издавањето државни хартии од вредност. Тужбата, како што информираат, е поднесесена поради ненадлежност на стариот состав на ДИК, како и поради тоа штое целосно правно нејасна.
- Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност, односно одобрување од страна на дополнителниот заменик министер, наведуваат од СДСМ.
Тужбатата, стои во соопштението, е поднесена поради ненадлежност на стариот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 8 ноември 2015 година.
Додаваат дека тужбата е поднесена и поради тоа што, спроед нив, самата одлука е целосно незаконски формулирана.