Русија против откажувањето на Северниот тек

Русија предупреди дека секој потег на Европската унија кој води до откажување од гасоводот Северен тек од рускиот Балтички брег до Германија ќе претставува удар за Европа. „Страните постигнаа значаен напредок во законските, техничките и финансиските аспекти на овој договор“, оцени рускиот министер за економија Алексеј Улиукаев во Брисел, додавајќи дека станува збор за зачувување на европската енергетска рамнотежа. Проектот Северен тек 2 во кој се вклучени германски и холандски компании, како и руски Газпром беше доведен под прашалник во минатата недела откако Италија ја покрена темата околу проширувањето на економските санкции врз Русија.