Шест американски војници убиени во Авганистан

Министерството за одбрана на САД соопшти дека шест американски војници загинале во самоубиствен бомбашки напад во близина на воздушната база Баграм во Авганистан. Тоа беше најсмртоносниот напад врз меѓународните сили во таа земја од август годинава. Секретарот за одбрана Еш Картер соопшти дека притоа загинале и двајца припадници на воениот персонал, како и еден американски воен соработник. До нападот дојде во момент кога талибанските милитанти ја презедоа контролата врз Сангин во провинцијата Хелманд кој се наоѓа јужно од Баграм. Пентагон и Белата куќа изразија сочувство до семејствата на загинатите и наведуваат дека САД остануваат посветени на поддршката на авганистанскиот народ. Вчера исто така дојде до ракетен напад врз едно предградие на Кабул каде што се лоцирани многу странски амбасади. Нема извештаи за жртви.