Русија ја зајакнува воената база во Ерменија

Руското министерство за одбрана соопшти дека испратило дополнителна воена опрема во воената база во Ерменија. Според министерството, шест хеликоптери биле распоредени во базата во Еребуни во близина на Ереван. На почетокот на месецот Русија исто така распореди хеликоптери во Ерменија, која е клучен регионален партнер на земјата.