Руски воздушен напад врз град на бунтовниците во Сирија?

Во серијата воздушни напади за кои се верува дека биле извршени од руски авиони врз градот Идлиб во северозападна Сирија кој е под контрола на бунтовници загинале десетици луѓе. Се наведува дека биле погодени еден пазар и неколку згради. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека имало 36 загинати и многумина други повредени. Новинската агенција Ројтерс јави дека над 150 луѓе биле ранети. Русија не потврди дали во тој регион извршила воздушни напади.