Шпанските конзервативци го загубија мнозинството

На вчерашните општи избори шпанските владејачки конзервативци добија најмногу места, но го загубија мнозинството во парламентот кој има 350 пратеници. Народната партија на премиерот Маријано Рахој освои 28,7, додека Социјалистите 22 насто од гласовите. Новите партии како Подемос и Сиудаданос добија 20,6, односно 13,9 проценти со што го означија крајот на повеќедеценискиот двопартиски политички систем во Шпанија. Резултатите сугерираат дека најмалку три партии ќе бидат неопходни за формирање нова влада. Одѕивот на гласачите беше 72 насто.