Партиски повици за расчистување на афрата со лични карти

Премиерот Никола Груевски денеска ја повика меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации по што ќе се произнесе во јавноста.

„Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретнен коментар“, рече Груевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево соопшти дека очекува од Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и судските органи целосно да го истражат случајот со фалсификуваните лични карти и јавноста да ги добие сите одговори.

Само професионална и целосно законска постапка може да даде одговори на прашањата кој, зошто, со каква намера и за какви потреби фалсификувал лични карти, стои во соопштението од СДСМ.

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ синоќа повика аферата со личните карти да биде целосно расчистена, а одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. И партијата ја повикува меѓународната заедница активно и одблиску да го следи овој случај.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) вчераа соопшти дека е пронајдена тајна работилница каде се вршело фалсификување на лични карти и други документи и оти за овој настан се приведени три лица.