МВР целосно ќе го обезбедува Специјалното обвинителство

Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи целосно да го покрие со обезбедување објектот во кој се наоѓа Специјалното обвинителство, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

„На денешната седница Владата донесе заклучок и го задолжи МВР да овозможи 24-часовно обезбедување на објектот каде што се наоѓа специјалниот јавен обвинител. Да го покрие целосно со обезбедување. Министерот потенцираше дека досега се што побарала обвинителката во однос на обезбедувањето и било овозможено. Му кажавме доколку нешто повеќе побара во однос на обезбедувањето на објектот да и биде овозможено, изјави Груевски.

Службата за општи и заеднички работи, како што информираше премиерот Груевски, целосно ќе се стави на располагање на Јавното обвинителство.