Талибанците напредуваат во Хелманд

Авганистански локален претставник изрази загриженост поради, како што вели, брзиот напредок на талибанците во провинцијата Хелманд и предупреди дека неколку област во јужната провинција може да паднат во рацете на милитантната група. Во отворено писмо до претседателот Ашраф Гани објавено на Фејсбук, заменик-гувернерот на провинцијата Хелманд Мохамад Јан Расулјар побара помош од Кабул.

Пратеникот од Хелманд Абдула Ахунзада исто така изјави дека во регионот има интензивни борби, а талибанците брзо напредуваат. Во Кабул, портпарол на Министерството за одбрана потврди дека има борби во Хелманд, но тој рече дека талибанците претрпела тешки загуби.