Над 40 луѓе исчезнати при свлечиште во Кина

Архивска фотографија - лизгање на земјиште во Кина.

Повеќе од 40 луѓе се водат за исчезнати, а 22 згради се потрупани при лизгање на земјиште во кинескиот град Шенжен на југот од земјата, соопштија властите. Најмалку седум луѓе се спасени од под урнатините, се наведува во соопштението на Министерството за јавна безбедност. Повеќе од 1.500 спасувачите се вклучени во спасувачката мисија. Засега не се пријавени жртви. Околу 900 луѓе биле евакуирани пред лизгањето на земјиштето во утринските часови. Локалната власт, соопшти дека исто така свлечиштето предизвикало експлозија во близина на бензинска пумпа.