Временска прогноза - стабилно и суво време

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од осум до 16 степени.

Во Скопје утрото дневната температура ќе се искачи до девет степени.

И понатаму продолжува периодот на стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Од понеделник дневната температура ќе биде релативно висока за овој период од годината, особено во среда и четврток и тоа во југоисточните делови од земјата и на повисоките места, односно дневната температура во овие два дена ќе биде во интервал помеѓу 10 и 19 степени.