Состанок за мигрантската криза

Претседателот Ѓорге Иванов денеска одржа состанок во врска со справувањето со бегалската и мигрантската криза, со членовите на Управувачкиот комитет - тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи и со припадници на Генералштабот на АРМ.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, целта на состанокот била Иванов да ги запознае членовите на Комитетот за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, комесарот за проширување Јоханес Хан, извршниот директор на Фронтекс Фабрис Легери и со претседателот на Србија Томислав Николиќ, на која беа разменети информации за моменталните состојби и за мерките и активностите на ЕУ за менаџирање на мигрантската и бегалската криза.

Иванов побарал од Управувачкиот комитет и од сите вклучени институции во справувањето со мигрантската и бегалската криза, и понатаму со максимална посветеност да продолжат со своите мерки и активности, со цел заштита на државната граница, контрола врз мигрантите и намалување на безбедносните ризици за обезбедување и остварување на сигурноста на граѓаните на Република Македонија и нивниот имот.