Амбасадорите на ЕУ се согласија за санкциите врз Русија

Амбасадорите на ЕУ се согласија за продолжување на економските санкции против Русија за дополнителни шест месеци поради улогата на земјата во конфликтот во Украина. Согласно договорот санкциите против Русија ќе траат до 31 јули наредната година. Санкциите се однесуваат на финансискиот, нафтениот и воениот сектор, како и против личности поврзани со конфликтот во Украина. Препораката на амбасадорите треба да биде ратификувана в понеделник.