ФРОНТЕКС набрзо на границата со Грција

Европската агенција за управување со надворешните граници ФРОНТЕКС до крајот на месецот ќе го зголеми присуството во Грција, откако двете страни се согласија за неопходноста за поголема операција за справување со приливот на бегалците и мигрантите.

Операцијата, според соопштението, ќе почне на 28 декември, при што е предвидено распоредување на 376 офицери и преведувачи, како и експерти за испитување, истрага, земање на отпечатоци од прсти и подготвување на документи.